Населението на Крањска Гора, популарниот словенечки центар, минатата 2020 година за 44 отсто, но станува збор за фиктивен прираст кој го предизвикала една противепидемиска мерка.
Според официјалните податоци бројот на пријавените жители на Крањска Гора лани се зголемил за 2.300 луѓе, односно за 44 отсто, додека, на пример, словенечката престолнина Љубљана лани загубила околу илјади жители, пренесуваат во саботата словенечките медиуми.
Станува збор за фиктивни пријави на привремени престои откако владата кон крајот на октомври 2020 година, поради сериозната епидемиолошка ситуација во земјата, забрани напуштање на матичните општини. Ригорнозните мерки на „затворање“ во општините траше три ипол месеци, со кус прекин поради божикно-новогодишните празници.
За да ја избегнат таа мерка, во Крањска Гора привремено се пријавле сопственици на викендички од Љубљана и другите поголеми градови. На тој начин би можеле легално да го докажуваат местото на постојан престој да одат на привремената адреса, а сѐ било според прописите. Слични фиктивни „преселби“ од градот во руралните области забележани се лани и во другите региони на Словенија, а една од популарните дестинации за пријави на привремени адреси бил и словенечкиот брег, каде свои викендички имаат многу Словенци.
Меѓутоа, имало и такви кои за таа цел се пријавувале во локалните апартмани, и тоа по поволни цени, бидејќи и туризмот во екот на ланската епидемија беше затворен, а хотелите не смееја да работат, па апартманите се изнајмувале за околу 300 евра месечно, наведуваат медиумите.
Првиот човек на локалната управа на Крањска Гора, Јанез Хроват, вели дека бројот на жителите во нивното место помалку се намалува, па сега ги има 5.200, стотина помалку од пред четири години, а причината според него е и во скапите недвижнини. Но признава дека добро ќе им дојде и привремените жители кои се пресметуват во квотата за финансирање на општините од државниот буџет, па на Крањска Гора ќе ѝ припадне милиони евра повеќе отколку претходно.
Годинава во Крањска Гора не очекуваат ново „затворање“ во минатогодишната форма, а сметаат и на обновување на зимскиот туризам, по пропадната минатогодишна сезона.