
Словенечката НЛБ Групацијата покрја преземањето на српска Комерцијална банка планира да се прошири и на албанскиот пазар. Ова за српските медиуми го изјави претседателот на групацијата Блаж Бродњак.
Според него, најважно е сега да се заврши преземањето на српската Комерцијална банка.
– Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија и сметаме дека ќе заврши до крајот на април следната година. Во меѓувреме, ние веќе размислуваме потенцијално за влез во Албанија, бидејќи на тој начин ќе станеме единствената банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа – вели Бродњак.
На тој начин, групата НЛБ може да биде единствената што ги покрива и поддржува трговските и финансиските текови во целиот регион, нагласи Бродњак.