Словенечката фабрика ТАБ МАК во Пробиштип планира да инвестира 30 милиони евра за зголемување на капацитетите

Словенечката фабрика ТАБ МАК за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип ланира да инвестира 30 милиони евра за зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии.

Моментално во ТАБ МАК работат 530 лица кои и во услови на пандемија продолжија да работат,а со новата инвестиција ќе се  отворат нови работни места што за жителите од Пробиштип и регионот ќе значи можност за повисок стандард за граѓаните и економски развој на регионот.

Дури  97 отсто од производството на компанијата се пласира на странскиот, главно европски пазар.

Премиерот Зоран Заев кој се сретна со раководниот тим на компанијата рече дека државата во консултација со деловната заедница и сите засегнати страни креира деловен амбиент за рамномерен регионален економски развој и додаде дека ваквите инвестиции значат отворање на нови и добро платени работни места.