Словенечката полиција почна предупредувачки штрајк

Полицијата во Словенија денеска почна предупредувачки штрајк заради што дојде до забавување на сообраќајот, пред се, на граничните премини.

Штрајкот, според најавата, ќе трае од 8 до 12 часот, а заради него  се формираа колони од камиони на граничните премини Брегана/ Обрежје и Грушковје/Мацељ, каде се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски Индекс.

„Засилено е излегувањето на товарните возила на граничниот премин Брегана, а колоната е долга околу три километри“, наведе Авто мото сојузот на Хрватска.

Полицијата почна штрајк заради, како што наведува, неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и за платената работа во трета смена.