Словенечката влада бара решение за ‘Адрија Ервејс“ на којa ѝ се закнува банкрот

Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек изјави во средата дека владата разгледува можности како да ѝ се помогне на компанијата „Адрија Ервејс“, водухопловниот превозник кој западна во финансиски тешкотии порад кои во вторникот и средата ги откажа сите летови освен една линија од Љубљана за Франкфурт, и објави дека нејзините авиони ќе останат приземјени и следните два дена.

Државата е подготвена да ѝ помогне на „Адрија Ервејс“, но таа има потреба од целосна сопственсот, финансиско и деловно реструктуирања и во таа смисла ќе бараме решенија, рече Почивалшек кој во средата ги прими претставниците на вработените. Но предупреди дека државата не е подготвена да даде никакви пари на компанијата додека нејзиниот сопственик е германскиот фонд „4K Inves“, кого го смета за одговорен за сегашната состојба во компанијата, туку дека треба да бара финасиски и деловно одржлив модел.

„На барањето решени се прифативме со целата одговорност и ќе направиме сѐ во рамките на нашите можности да најдеме решение“, рече Почивалшек но предупреди дека услов за какво и да е решение „Адрија Ервејс“ да ја задржи својата воздухопловна флотила и авионите да ги задржат лиценците на словенечкиот регулатор на цивилниот воздухопловен сообраќај и меѓународното здружение на авиопревозниците IATA, бидејќи во спротивно ништо нема да може да се спаси, па ќе следи она „од што сите стравуваме“.

Почивалшек не изнесуваше поединоста за можното решение за „Адрија Ервејс“, ниту сакал да одговори на прашањето колку спасувањето на компанијата од банкрот би ги чинело даночните обрзници, односно буџетот на словенечката држава.

Наведе дека за можниот модел на спасување на „Адрија Ервејс“ потребно е да се разговара на ниво на разни ресори, како што се министерствата за транспорт и за финансии, но дека владата оваа седмица тоа нема да го има на дневен ред. Словенчките медиуми, пак, најавуваат дека владата како еден од моделите за излегување на комапнијата од криза има во законски предлог со кој цивилниот воздушен сообраќај би се организирал како „задолжителна јавна служба“ или би се субвенционирале линиите кои се од посебен интерес за држатава.

Словенечкиот регулатор за цивилно воздухопловство го повика сопственикот на „Адрија Ервејс“, германскиот фонд „ 4K Invest“ во рок од една седмица да му ги достави деловните и финансиски планови, како и договорите со сопствениците на авионите со кои лета, од кои ќе биде јасно дека во следниот период може стабилно да работи и да ги исполнува финасиските обврски. Во спротивно на „Адрија Ервејс“ би можела да ѝ биде одземена националната лиценца, што значи дека компанијата би отишла во стечај.

Управата на компанијата во средта објави дека до следниот понеделник очекува одговор од сопственикот за тоа дали сака да ја докапитализира, за да се извлече од тешкотиите, а тврди и и натаму дека води разговори со можни инвеститори и потенцијални партнери.