Словенечки хотел го продава креветот во кој спиел Кристијано Роналдо

Хотелот „Grand Plaza“ во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиел португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо минатата седмица, кога селекцијата на неговата земја одигра пријателски натпревар со Словенија.

Хотелот одлучи, бидејќи многу фанови не можеа да дојдат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат со него, да го стават креветот на аукција на крајот на месецот по почетна цена од 5.000 евра, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, јавува порталот 24UR.

Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојувал португалскиот фудбалер. „На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“, објави порталот.

Порталот наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијан Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне нивните обиди да дојдат до него.

Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот во Брно, а потоа и пред хотелот каде што престојуваше со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.