![slovenija_mnr_45654](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/slovenija_mnr_45654.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар изјави денеска дека не постои „фантомскиот нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на БиХ, објави агенцијата СТА.
Тој на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика нагласил дека стратегијата на Словенија кон Западен Балкан не е променета и дека земјата вложила дополнителни напори, имајќи предвид дека подготовката за самитот ЕУ-Западен Балкан е главен приоритет на претстојното словенечко претседавање со Унијата.
– Никој не очекува дека опозициските политичари ќе ја оцрнат својата земја, само за на некаков начин да и наштетат на државата. Тоа едноставно не постои во развиениот демократски менталитет – истакна Логар.
Неговата изјава е дадена на заедничката седница одржана по барање на опозицијата, по медиумските наводи дека словенечкиот премиер Јанез Јанша пуштил во јавност „нон-пејпер“ со стратегија за прекројување на границите по етнички линии на Балканот.