Словенија бара помош од Македонија после невремето од кое беше зафатена

До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.

До Дирекцијата за Заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација (булдожери, багери и сл.).