Словенија ги олеснува мерките за празниците, но владата бара дисциплина

Словенечката влада објави во саботата дека во текот на претстојните божикните и новогодишните празници под одредени услови ќе укине некои од рестриктивните мерки, па така за Бадник и Божик нема да се применува забраната за преминување на општинските и регионалните граници.

Во рамките на планот мерките во времето на претстојните празници и во случај на поволна епидемиолошка слика нема да се приоменува досегашната рестрикција на движење само во рамките на матичните општини и региони.

Ќе биде дозволено дружење со лица од најмногу две домаќинства со вкупно шест возрасни лица, објави владата во саботата по одржаната седница. Во оваа броја не се сметаат декцата до 15 години, кои исто така може да бидат присутни на ваквите семејни собири.

Нема да се одржува традиционалната полноќна Божикна литургија, но дозволени се другите празнични литургии, па на Бадник ќе смеат да се одржат богослужби со завршување до 20 часот, бидејќи мерката за забрабна на движењето во ноќните часови и натаму е на сила.

Овој режим на сила ќе биде од 24-ти декември во 12 часот до 25-ти декември во 20 часот, и на Нова година, од 31-ви декември од 12 часот до 1-ви јануар вечерта, доколку се одржи поволната епидемиолошка ситуацијата. Меѓутоа, владата ги повика граѓаните на „одговорно однесување“ и на дисциплонирано применување на сите други сѐ уште важечки протвепидемиски мерки.

Во текот на празниците на сила и натаму ќе останат мерките како што се забраната за собирања на јавни простори, а важи и забраната за продажба и користење притотехничките средства.

Владата во изјавата за медиумите истакна дека за попуштењето на мерките за празничните денови одлучила со тактиката на постепено и контролирано укинување на мерките, но со услов да се задржи трендот на подобрување на епидемиолошката ситуација и сите одговорно да се придржуваат до сѐ уште важечките рестрикции.

Словенечката влада и претходно објави дека вработените во јавниот сектор следните две седмици ќе работат од дома, а во приватниот сектор му препорача работата дома да им се одреди на оние кои се во состојба така да работат, односно во што поголема мера во овој период да ги пременуваат користењето на колективните годишни одмори.

Претходно во саботата беше објавено дека во Словенија во последните 24 часа со 5.600 тестови регистрирани се 1.427 зарази, со што бројот на новозаразените е во пад веќе седми ден последователно.