Тендерот за изградба на тунелот, вреден околу 100 милиони евра, го добила турска градежна фирма која ќе го изгради тунелот и автопатот. Станува збор за компанијата „Cengiz Insaat“ која ќе ја изгради втората линија на тунелот Караванки во Словенија, чија должина е три и пол километри низ планината, а дополнителната цевка се гради за да се олесни евентуален застој во сообраќајот на автопат кој го користат осум земји.
Одговорните за проектот велат дека мора да го завршат за период од пет години, но о ветуваат дека ќе го испорачаат и порано.
Проектот ќе биде спроведен со тим од 250 луѓе, вклучувајќи 150 турски работници, ќе се изгради и нова цевка, покрај сегашната, ќе се прават четири ленти, а ограничувањето на брзината ќе биде 100 километри на час.