Словенија испраќа 46 пожарникари и 16 противпожарни возила во Македонија (ФОТО)

По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

„Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава. Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро, ова ѝ го напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја. Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре. Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Северна Македонија може да смета на своите пријатели во неволја“, се вели во соопштението.