Словенија: Луѓето кои прележале коронавирус ќе примат само една доза вакцина

Според најновата стратегија за вакцинација издадена од словенечката влада, луѓето кои се заразиле со коронавирус ќе добијат само една доза од вакцината против Ковид-19, додека оние кои се заразиле по првата доза, ќе ја добијат втората доза шест месеци по закрепнувањето.

Според таа стратегија, вакцините сега се достапни за родители на деца од ранливи групи и хронично болни деца.

Во исто време, во Словенија продолжува вакцинацијата на лица над 60 години и хронични пациенти над 18 години. Во употреба се вакцините на три различни производители – „Фајзер“, „Модерна“ и „Астразенека“, кои се даваат во две дози на оние кои не се заразиле со коронавирус.