Словенија од денеска е членка на Советот за безбедност на ОН

Словенија денеска официјално го почна мандатот како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој трае до 31 декември 2025 година, а работата на прашањата за светскиот мир и безбедност практично ќе почне утре, бидејќи Палатата на народите денеска не работи поради 1 јануари.

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на почетокот на својот мандат најави дека ова е одлична можност, но и одговорност, бидејќи и покрај глобалната поврзаност и меѓузависност, сегашната ситуација во светот е „сложена“.