Словенија подготвена да понуди помош по трагичниот настан во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

„Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените“, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Во разговорот претседателот Пахор изразил солидарност и истакнал дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.