Словенечката агенција за разузнавање и безбедност (Sova) уапсила двајца мажи, странски државјани, осомничени за шпионажа во полза на руската воена разузнавачка служба, објави во понеделникот љубљанскиот дневен весник Delo, повикувајќи се на свои извори.
Осомничените, кои имале државјанство на една јужноамериканска земја, дејствувале под лажни идентитети од изнајмена канцеларија во деловна зграда во љубљанската населба Бежиград, се наведува во извештајот.
Двајцата осомничени се обвинети за шпионажа и употреба на лажни документи. Доколку бидат прогласени виновни, може да се соочат со затворска казна до осум години, се вели во информацијата.
Словенечката разузнавачка служба не одговорила веднаш на барањето на агенцијата Reuters за коментар.