Словенечката економија го забележала најголемиот пад на индустриското производство во Европската унија кој во февруари изнесувал 3,6 отсто, пишува во вторникот водечкиот дневен весник Delo.
Најголем пад на индустриското призводство во Унијата има во Словенија 3,6, во Финска 2,3 и во Португалија 2 отсто.
Меѓу државите членки, како што соопшти Eurostat, индустриското производство на месечно ниво најмногу се зголемило во Белгија за 6,1 отсто, во Луксембург за 4,9 и во Грција за 4,8 отсто.
На ниво на целата ЕУ, индустриското производство на месечно ниво е зголемено за 1,4 проценти, а во еврозоната за 1,5 отсто. На годишно ниво, индустриското производство е зголемено за 2 процента, соопшти Eurostat.