Словенечкиот премиер Миро Церар верува дека Македонија е блиску до решавање на спорот со името и најави дека Совенија е пријателска земја и ќе ја поддржи Македонија во евроатланските интеграции. Церар, кој е во дводневна посета на нашата земја, рече дека неговиот впечаток е дека во последно време Европската Унија е повеќе наклонета кон Македонија од претходно.
„Многу интензивно ќе ја поддржува Македонија во насока на влегување во НАТО и ЕУ. Цврсто сме убедени и веруваме дека сите сме членови на семјството на ЕУ и дека Македонија мора да стане членка на ЕУ и на НАТО сојузот“, вести Миро Церар – премиер на Словенија
Поддршка од Словенија побара и Бранко Азески, кој беше домаќин на Словенечкиот премиер, на премиерот Заев и нивните бизнис делегации на економскиот форум во Стопанската комора. Азески очекува подигање на повисоко ниво на деловната и политичката соработка меѓу двете земји.
А Заев ги повика словенечките бизнисмени да конкурираат на тендерите во Македонија за инфраструктура, енергетика, изградба на депонии.
„На секој премиер и секоја влада првиот таргет е GDP, Словенија се гордее со своите петпроценти ние поставивме таргет оваа година 3,2, но мислам декам ожеме и 4 проценти, но тоа е возможно само доколку вие сте среќни и имате добра околина и секако доволно насочени на создавање на профит, одржлив развој. Само во таков случај може Македонија да го постигне тоа што се стратешки и економски цели пред нас“, вели Зоран Заев – премиер
Словенија е петта земја по инвестиции во Македонија. Трговската размена меѓу двете земји е 300 милиони евра со намера во наредните две години да стигне до половина милијарда.