Словенскиот премиер Миро Церар денес изјави дека Словенија ќе почне да издигнува ограда по границата со Хрватска за да се справи со миграцискиот бран.
Тој нагласи дека Владата донела одлука за технички мерки вклучително и ограда со бодликава жица бидејќи обидите на ЕУ да се справи со миграцискиот бран во Грција се неуспешни.
– Границата ќе остане отворена, но набљудувања. Не сакаме да ја затвориме границата. Сакаме само контролиран миграциски премин со цел да се спречи хуманитарна катастрофа, прецизира Церар.
Над 170.000 мигранти и бегалци од Блискиот исток, Азија и Африка влегоа во Словенија од средината на октомври кога Унгарија ја затвори јужната граница со Хрватска и бранот бегалци беше пренасочен кон Словенија. Околу 30.000 нови мигранти и бегалци се очекува да пристигнат во Словенија во следните неколку дена.