Повеќе од половина од Словенците сметаат дека банките во државна сопственост би требало да се продадат макар и по симболична цена, наместо да се докапитализираат со средствата од државата на сметка на даночните обврзници, покажа анкетата која ја објави љубљанско „Дело“.
За „Нова љубљанска банка“ (НЛБ), „Нова кредитна банка Марибор“ (НКБМ) и Абанка да се продадат „макар и по симболична цена од едно евро“ се сложиле 56 отсто од испитаниците, 22 од нив оцениле дека планот на владата банките да се докапитализираат со државни средства е најдобар, а 22 сметаат дека за докапитализација на банките треба да се побараат средства од европските фондови за стабилизација на еврото, покажала анкетата, која што била спроведена минатата година.
Според направените стрес тестови на словенечките банки потребни се околу 4,8 милијарди евра помош, при што државата сама ќе треба да ги докапитализира трите банки со повеќе од три милијарди евра, а во нив ќе се насоберат лошите кредити во висина од една петтина од националниот бруто домашен производ.