![бегалци словенија Словенија престана да прима бегалци](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/begalci-slovenija.jpg?resize=652%2C326&ssl=1)
Расте бројот на бегалци на српско-хрватската граница. Хрватска кон граничниот премин Грибини испрати околу 300 бегалци кои преку зелена граница влегле во Словенија. Словенија, пак, бегалците ги сместла во шатор на фудбалското игралиште во Раскрижје.
Утрово, словенската полиција почна си „интензивна заштита“ на државната граница. Во близина на границата поставен се огради и голем број полицајци, за да го спречат преминот на мигранти кои синоќа со воз се стигнати од Опатовец, а за кои словенските власти наведуваат дека немаат капацитет за прием на толку голем број бегалци.
Словенската полиција потврди дека поради новонастанатата ситуација го затворила тој граничен премин. Во Словенија сите капацитетi за прием на бегалци се исполнети, а Австрија соопшти дека повеќе и таа нема да прима бегалци.
Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенските власти не е постигнат договор за пуштање на нови возови со мигранти во Словенија, одлучено е последниот воз утрово да се сопре во Хрватска, пред границата со Словенија. Мигрантите продолжиле да се движат по пругите кон Словенија, но словенската полиција ги дочекала со жичана ограда на границата и неги пуштила да влезат во земјата.
Со интервенција на УНХЦР пропуштени се само 150 лица, со образложение дека тоа би значело раздвојување на семејството. А, 1.800 други бегалци, меѓу кои и голем број на деца и понатаму се оставени на дожд и на ладно ичекаат влез во Словенија.
Има најава и за пристигнување на други возови на словенската граница, но словенските власти најавија дека нема да ги примат.
Според последните информции, од почетокот на бегалската криза во Хрватска влегле 197.000 мигранти. Во неделата, од полнож до 21 часот дошле 4.218 мигранти.
И покрај тоа што Словенија најави дека нема капацитет да прима нови бегалци, Хрватска службено ја известија Словенија дека денеска кон Словенија ќе бидат пратени 1.800 бегалци.
„Ваквото однесување е неприфатливо, а очекуваме дека само со заеднички силии соработка на сите држави кои се соочени со оваа криза, успешно ќе ја решиме ситуацијата, истакнаа од словенското министерство за внатрешни работи.