Таа, како што пренесува Танјуг, не прецизираше за какви мерки станува збор, но споменува изрази како што се „технички препреки“ и „ограда“.
Дополнителните рестрикции остануваат како можност и може во секој миг да бидат активирани. Словенија е подготвена на сите можни сценарија, изјави таа.
Таа се заложи за засилена контрола на бегалскиот бран во Грција и Италија, каде според нејзината оцена би биле потребни повеќе сили на Фронтекс.
Иако во вториот бегалски бран во Словенија влегле повеќе од 100.000 лица, бројките покажуваат дека ситуацијата сепак во однос на минатата недела се смирува.