Словенките победија со 28-26 покажувајќи дека нема мали и големи во модерниот женски ракомет. Натпреварот беше изедначен и тесен од почетокот до крајот. Домаќинките за кратко уживаа водство во првиот дел, а на паузата Данска го зеде водството со 15-14. Во вториот дел беше еднакво возбудливо, но од 47. минута Словенија повлече серија од 3-0, со која поведе со 24-22 и не го пропушти водството до крајот. Ана Грос постигна осум гола, поранешната вардарка, Тамара Мавсар броеше до седум, а Естегард имаше седум од седум кај Данска.
Во вториот меч од терминот во 18 часот, во групата А во Љубљана, Швајцарија не успеа да направи сензација против Унгарија, иако водеше со 15-13 на паузата и држеше егал до 50. минута (24-25). На крај Унгарките победија со 33-28, предводени од Катрин Грета Клујбер со девет гола.
ЕП 2022 се одржува во Целје, Љубљана, Подгорица и во Скопје. Натпреварите во нашата група Ц, почнуваат утре во „Борис Трајковски“ со Македонија – Франција.
ГРУПА А (ЉУБЉАНА)
УНГАРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 33-28
НОРВЕШКА – ХРВАТСКА 20.30 Ч.
ГРУПА Б (ЦЕЛЈЕ)
ДАНСКА – СЛОВЕНИЈА 26-28
ШВЕДСКА – СРБИЈА 20.30 Ч.