
На барање на Специјалното јавно обвинителство судското рочиште за предметот „Пуч“ денеска е одложено за 3.мај.
Одлагањето на рочиштето е поради жалбата на СЈО за недоставувањето копии од доказите кои ги поседува Судот, а се поврзани со овој предмет.
Во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери, обвинети се лидерот на СДСМ Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња, Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.