
Станува збор за маж на возраст од 38 години, а здравствените власти се уште не утврдиле дали тој во последно време патувал во странство, изјави Милер, пренесува Ројтерс.
Водечката експертка на Светската здравствена организација за мајмунски сипаници, д-р Розамунд Ливајс, изјави дека не очекува стотиците досега пријавени случаи да се претворат во нова пандемија.
Сепак, таа призна дека сè уште има многу непознати за болеста, вклучително и како точно се шири и дали прекинот на масовната имунизација против мали сипаници пред неколку децении можеби некако го забрзал неговото пренесување, објави АП.
Клиничката слика на заболените по заразата со мајмунска сипаница е треска, треска и болки во мускулите, додека во подоцнежниот стадиум на болеста се појавува осип кој се развива во краста. За разлика од корона вирусот е стабилен и не мутира така лесно.