Случајот „Беса транс“ се враќа на повторно судење

Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука за случајот „Беса транс“ со која сопственикот Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор.

Случајот не е директно поврзан со причините за трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ на 23 ноември 2021 година во Бугарија, каде што животите ги загубија 45 лица, туку со фалсификувањето на документацијата за сообраќајна дозвола поврзана со несреќата.

Според првостепеното решение кое се заснова на обвинението, Хаџиу преку возачите кои го управувале автобусот употребил лажна потврда за дозвола, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски.

Со истото, државната граница ја поминал повеќе од 20 пати. Сепак, одбраната негираше дека го фалсификувала сертификатот за лиценца. Тие инсистираат на формулацијата дека за да има фалсификат некој мора да креира лажна исправа, што според нив во овој случај не се случило.

Но, Обвинителството соопшти дека со доказите е докажано дека автобусот на компанијата Беса Транс кој изгоре во Бугарија, наместо специјална ја користел општата дозвола, која е само поврзана со работењето на субјектот.

Првостепеното судење за овој случај започна на 15 ноември 2022 година.