Случајот ТНТ открива дека бизнисменот Амзоски платил 850.000 евра за помош од Јовановски

Во Основниот суд Скопје 1 во вторникот продолжува рочиштето за случајот „ТНТ“, а од денеска презентираните докази во судницата, може да се увиди дека сумата која бизнисменот Ардијан Амзоски ја дал за повлекување на неговото обвинение од овој случај е далеку поголема од онаа за која јавноста досега знаеше.

Адријан Амзоски е бизнисменот кој што беше обвинет во случајот „ТНТ“ за нелегално градење како инвеститор во објектот „Космос“. Но јавноста најмногу слушна за неговата вмешаност во случајот Маѓународен сојуз. Во овој случај, бизнисменот Амзоски ги обвини Бојан Јовановски – Боки 13 и неговата невладина Меѓународен сојуз за измама од над милион евра, заедно со уште еден бизнисмен за градење на старечки домови.

Имено во овој случај, каде што според доказите во рочиштето ТНТ може да се види дека не се исплатени 270.000 евра од страна на Амзоски, туку повеќе од 850.000 евра за помош од страна на Бојан Јовановски за повлекување на обвинението за случајот „ТНТ“.

Ова обвинение најпрвo го поднесе Основното јавно обвинителство, но потоа го презема Специјалното јавно обвинителство со тогашната претседателка Катица Јанева, која беше обвинета и осудена заедно со Бојан Јовановски во засебниот случај „Рекет“.

Тогаш Јавнот обвинителство поднесе обвинение против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје, во којашто како основач фигурира Фијат Цаноски, поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Амзоски бил инвеститор. Се работи за нелегалностите во изградбата на објектот „Космос“. Ова обвинение од страна ОЈО поднесено во Основниот суд, тогаш беше прифатено и потоа и закажано судско рочиште.

Но, потоа на 15.10.2017 беше преземено од страна на СЈО, како што се покажува подоцна по нарачка на Катица Јанева. За по преземањето експресно во рок од пет дена, 20.10.2017 без ниту еден дополнителен документ или доказ ова обвинение го повлекуваат Катица Јанева и обвинителот Бурим Рустеми.

Истиот ден според доказите од предметот „Меѓународен сојуз“, Амзоски му испраќа порака на Јовановски.

За целата разврска на овој предмет пред десетина дена во суднцата во Основнито кривичен суд Скопје беше презентирана комуникација меѓу Јовановски и Амзоски, каде што се гледа дека бизнисменот му се заблагодарува на Боки 13 за завршената работа, за повлекувањето на обвинението од страна на Катица Јанева и СЈО. Според доказите, јасно може да се види дека благодарноста од страна на Амзоски е ипратениа истиот ден кога е повлечено обвинението против него.

Според пораките презентирани во судница, Јовановски имал интензивна комуникација и со бизнисменот Ардијан Амзоски. Заедно барале локација за изградба на старечи дом во скопската општина Карпош.

Во една од пораките, Амзоски пишува. „СЈО го повлече денеска предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме“.

Исто така на 07.11.2017 години бизнисменот Амзоски потпишува меморандум со Боки 13 и Меѓународен сојуз, за кои веднаш по тоа да му исплати 250 илјади евра во кеш. За потоа од 16.01.2018 до март месец 2018 Адријан Амзоски исплаќа дополнителни 500 илјади евра на невладината Меѓународен сојуз.