Откако пред еден месец го раскина договорот со Фабио Капело, Фудбалската федерација на Русија за негов наследник го именуваше Леонид Слутски.
Гласините кои подолг период кружеа во фудбалските кругови во Русија, дека токму тренерот на ЦСКА Москва е најсериозен кандидат за кормилото на руската фудбалска репрезентација се остварија. Сега пред новиот селектор стои предизвик да обезбеди пласман на Евро 2016, како и добро да ја подготви националната селекција за престојниот Мундијал, кој ќе се одржи токму во Русија, 2018 година.
Слутски со ЦСКА Москва беше првак во 2013 и 2014 година, а во тренерската кариера ја водеше и Крилја Совјетов. Русија моментно во квалификациите за Евро 2016 е трета со осум бодови, зад Австрија и Шведска.