Сигурносните служби на Србија го следеле Радован Караџич од ноември 2007-ма година, но тој поради опструкциите во истрагата бил уапсен друти осум месеци подоцна, пишува српски „Курир“.
Човек, што инсистира да остане анонимен, вели дека го запознал Радован Караџиќ под лажниот идентитет Драган Дабиќ преку работата. Како што вели, и двајцата биле заинтересирани за духовноста.
Би рекол дека од самиот почеток не оддаваше впечаток на брзоплет и плиткоумен човек, беше можне таинствен и длабоко промислен. Не се чувствував пријатно кога дознав дека не е тоа што мислев дека е, вели човекот.
Додека бил во бегство, Караџиќ промовирал тишина и медитација. Држел предавања пред поголем број луѓе и се движел слободно.
Координаторот на Акциониот тим за апсење на хашките случаи Расим Лајиќ вели дека сега е јасно дека имало одредени политички опструкции. Се говори дека тајната за следењето на Караџиќ била откриена од страна на Безбедносно информативната агенција (БИА).
Дека тој е лоциран врз основа на разговорот со еден од членовите на семејството, дека комуницирале во женски род и дека тоа било сомнително, вели Лјајиќ.
Караџиќ е уапсен во белградски градски автобус на линијата 73, кога агентите на терен се посомневале дека тој се подготвува да побегне.