Вистинска политичка бура предизвика одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, донесена по препораките на министерт за правда и државен обвинител Џеф Сешнс и неговиот заменик Род Розенстајн, да го смени од должноста директорот на Федералното биро за истраги (FBI) Џејмс Коми, кој ги водеше истрагите за злоупотребата на електрнската пошта на демократската кандидатка на претседателските избори Хилари Клинтон во периодот кога беше државна секретарка како и за наводната поврзаност на капмањата на републиканецот со Русија и наводното можно влијание врз американскиот изборен процес, пренесуваат во средата агенциите.
Доналд Трамп го отпушти Џејмс Коми поради начинот на кој во изборната година ја водеше истрагата со електронската пошта од приватни сервери на неговата противкандидатка Хилари Клинтон во периодот од 2009 до 2013 година, кога беше државна секретарка, што е спротивно на американските прописи. Имено, тој ја затвори истрагата против демократката по препорака на тогашната државна обвинителка, наведувајќи дека нема доволно елементи за покренување прогон. Деморкатите, пак, беа гневни на Коми затоа што на десет дена до изборите го извести писмено сенаторите и конгресмените дека поради одредени нови сознанија во врска со друг случај повторно ја отворил истрагата за Клинтон но по неколку дена повторно ја затвори. Демократската партија смета дека токму тој негов потег ѝ наштетил на Клинтон, која изненадувачки ги загуби изборите од Трамп.
Од друга страна, сега смената на Коми го запрепасти Вашингтон и предизвика сомневања кај демократите дека Белата куќа се обидува да ја забошоти истрагата на FBI за наводното вмешување на Русја во американските избори, па некои демократи потегот на Трамп го споредија со „масакрот на саботната вечер“ од 1973 година кога тогашниот претседател Ричард Никсон го смени специјалниот независен обвинител кој ја истражуваше аферата „Вотергејт“.
Смената на директорот на FBI претходно ја препорачувше американскиот државен обвинител Џеф Сешнс, кој оцени дека Коми не може ефикасно да го води Бирото.
Во писмото коешто Трамп му ги осирпатил на Коми се наведува:
„Иако многи го ценам тоа што во три наврата ме известивте дека не сум под истрага, сепак сум согласен со оцената на министерство за правосудство дека не можете ефикасно да го водите Бирото. Сега извонредно важно за FBI да најдемо ново раководство коешто ќе ја обнови довербата на јавноста во неговата клучна мисија за спроведување на законот“, истакнува Трамп во писмото.
Белата куќа ги отфрла обвинувањата дека смената на Коми е политички мотивирана. Водечкиот демократ во Сенатот, Чак Шумер потврди дека разговарал со претседателот Доналд Трамп и дека му рекол оти „прави голема грешка, но дека овој на тоа „всушност не одговорил“.
Шумер сега бара именување на специјален обвинител за истрагата за наводното руско вмешување во изборите, бидејќи оценува дека јавноста би можела „оправдано да се сомнева“ дека ненајдената смена на коми од функцијата е обид за прикривње на вистината.
„Независна истрага за улогата на Москва во изборите сега е единствениот начин да се врати довербата на американскиот народ“, рече Шумер.
Иако многу демократи силно ја критикуваа работата на Коми за истрагата за елктронската пошта на Клинтон, сега „ги загрижува моментот кој Трамп го избрал“ за смената на Коми, кој инаку беше близок на републиканците пред да биде именуван од администрацијата на претходниот демократски претседател Барак Обама.
Сенаторот Ричард Бар, републикански претседатело на сенатскиот Комитет за разузнавачки работи, исто така, е загрижен. „Споре мене, неговата смена претставува загуба за FBI и за нацијата“, рече Бар.
Одговарајќи на критиките за смената на Коми, функционери од Белата куќа го цитираат заменикот на државниот секретар Род Розенстајн, обвинител од кариера, кој должноста ја презема на 25 април, дека по процените на состојбите во FBI „не може да го брани начинот на кој директорот ја водел истрагата на електронската пошта на Хилари Клинтон“, како и дека не го разбира неговото одбивање да ја прифати „речиси едногласната одлука дека згрешил“.
Сепак, експертите истакнуваат дека смената на Коми не значи и дека FBI ќе ја прекине истрагата за наводната вмешаност на Русија во изборите, ќе ја запошоти или ќе ја прекине. Професионалните службеници на Бирото можат да ја продолжат истрагат, дури и доколку се тргне во озбор на нов директот на FBI, тврдат правните стручњаци.
Џејмс Коми, инаку, во четврток требаше да се појави пред пред специјалниот комитет за разнавање при Конресот на сослушувањето во врска со „глобалните закани“. Засега не е познато дали Коми ќе учестува на ова солсушување по неговата смена.