
По пропаднатиот синоќешен пуч турските власти сменија вкупно 2745 судии.
Оваа информација беше објавена од страна на турската телевизија НТВ кои се повикуваа на Високиот совет на судии и јавни обвинители.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјавил дека ситуација во земјата е потполно под контрола, пишува Агенцијата Анадолија, пренесува Ројтерс.
Премиерот во прес конференцијата одржана во Анкара истакна дека до сега се повредени околу 1.440 луѓе а уапсени се 2.839 војници.