Сменети директори на театри со скандалозно објаснување дека биле „под контрола на Груевски“

Братислав Бато Димитров и Јелена Жугиќ се сменети од своите позиции од страна на министерот Роберт Алаѓозовски кој преку официјалниот сајт на Минситерството за култура го признава политичкиот прогон како единствена причина за овие потези:

„Би сакале да ја информираме јавноста дека единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите“, стои во официјалниот допис од Култура.

На нивните места се назначени кадри блиски до СДСМ, со што продолжува трендот на брутална партизација на државата. Само за потсетување, пред неколку дена беа сменети речиси 1.500 членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица.

Оваа смена е противзаконска бидејќи сите членови на одбори се со мандат и не може да се сменат со ваква владина „урамниловка“. Целта и позади оваа одлука Владата на Заев и СДСМ ја призна јавно во ова скандалозно соопштение: не се работи за стручност и за успешност во работата, туку за партиска чистка и партизација на државата.

А фактите го говорат следното: Јелена Жугиќ за само неколку години од новоформираниот Театар Комедија направи најгледан театар во Македонија, а Братислав Бато Димитров со минимална поддршка од ресорното министерство но со големо залагање успеа да го подигне нивото на функционирање на Театарот за деца и младинци.

Ситуацијата е дополнително поапсурдна затоа што соопштението за јавност во кое се признава политичкиот прогон и фашизоидниот пристап на владата на СДСМ го пишувал веројатно новиот шеф за односи со јавност во министерството за култура, Петрит Сараќини, кој на оваа позиција дојде благодарение на одработувањето за Заев и СДСМ во изминативе неколку години преку разни квази-граѓански невладини организации кои организираа протести. Тогаш тврдеа дека се независни корективи на власта, а се докажа дека биле обични профитери и одработувачи за политичката агенда на Заев и СДСМ.

Вистината и законите велат дека за смената на директор на институција мора да има законска причина, а таква во едно демократско општество не смее никогаш да биде личното чувство на Алаѓозовски, Сараќини и Заев дека директори на театри биле „под контрола на нивниот политички опонент“, што и тоа да значи – особено што во изминативе 11 години во театрите во Македонија се поставувале редовно претстави на Владимир Милчин од Сорос, а се вработиле и редовно играле актери кои беа фронтмени на „шарената револуција“.

Дознаваме дека во сите театри биле пратени инспекции за да најдат причина за смена на овие луѓе, но таква не била пронајдена, туку напротив од инспекторите биле и пофалени дека работеле за пример. Дека не спроведувале политика во театрите говорат фактите за авторите на претставите кои се поставени, но и актерите кои редовно ги играат. Исто така е факт и дека единствени кои внесуваа политика во театарот беа токму шарените профитери на Заев и СДСМ кои се однесуваа скандалозно блокирајќи претстави и правејќи политички циркуз од театарот.

Но, се чини дека она што не го направи Груевски за 11 години, СДСМ го направи за 1,5 месец – навистина инсталираше режим во Македонија.