Сменети началници на полицијата и на пожарникарите во Грција

Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобнитe пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе, јавуваат грчките медиуми.

Според соопштението на Кабинетот на премиерот, Алексис Ципрас,, функциите од сменетите началници ќе ги преземаат нивните заменици. Како причина за смените не се споменува директно минатонеделниот пожар во Мати.

Ципрас завчера ја прифати оставката на министерот за јавен ред, Никос Тоскас, кој се повлече од функцијата под притисок на јавноста.