Сместување, храна и парична помош за семејствата од опожарените куќи во Топанско поле

„Семејствата ќе бидат сместени во одморалиштето во Љубанци. Дополнително ќе помогнеме и со парична помош, во рамки на нашите надлежности и можности. Ќе дадеме максимална поддршка со цел овие луѓе што е можно побрзо да се згрижат и да се обезбедат средства за реконструкција на нивните домови“, рече Спасов.

Градоначалник Коце Трајановски најави помош во висина од околу 1,5 милиони денари.

Црвениот крст на Град Скопје доставил по 30 пакети храна и хигиенски производи за да се задоволат потребите на 100 лица.

„Се дистрибуираа 60 душеци, 60 ќебиња како и топла облека за сите. Во акцијата се вклучија 10 волонтери и тимот за логистика, кој го организираше транспортот на кревети за лицата до одморалиштето во Љубанци“, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.