Сметката на клиниката „Жан Митрев“ сѐ уште блокирана, вработените велат дека против болницата има организирана хајка

Клиниката Жан Митрев ја информира јавноста дека и покрај тоа што имаат блокирани сметки секојдневно работат, прават сложени кардиохируршки зафати и спасуваат животи. -Исто така после пет дена сметките остануваат блокирани, соопштија од таму. Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави, – „Ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“. Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци:

– Во цела држава смртноста од Ковид беше 51%, во Клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на Интензивна нега.

– Овој процент на смртност од 25 % на интензивна нега во време на Ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.

– Во Македонија починаа 9663 пациенти од Корона, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.

– Обвинителке, што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници.

Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб, се вели во соопштението на болницата.

Истакнуваат дека, бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, она што треба да го добијат е извинување и благодарност, а не блокирани сметки и желба за, како што истакнуваат, уништување на клиниката.

-Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа.Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника, се вели во соопштението.