Новото раководство на МКФ излезе со соопштение во кое се вели дека федерацијата и должи на ФИБА 20 илјади евра.
Целосно соопштение на МКФ:
Сметката на Македонската кошаркарска федерација е доиспразнета.
Активностите се отежнати со сознанието дека МКФ е должен кај ФИБА 20 000 евра, поради казната за непочитување на ждрепката и отказ на настапите во квалификациите за ЕП во 2009 година за кошаркарките.
Компензацијата на ФИБА за учество на младинските ЕП, така, ќе мора да биде искористена за подмирување на долгот што од други доспеани казни во меѓувреме е дури зголемен.