Сметки стасуваат за ВИП, а мрежа никаде нема

Корисниците на мобилниот телефонски оператор ВИП веќе една недела се жалат дека немаат мрежат за да воспостават контакт.

Многумина од нив се обиделе и да се јават во контакт центарот за да се пожалат, но сите обиди им се неуспешни.

Оваа нивна несреќа, корисниците на ВИП, решија да ја споделат на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер…

Ова се дел од фотографиите и статусите кои се појавија на социјалните мрежи:

10454917_10204787750957588_3447462561584295773_n

10653672_10202949610685948_9198846959453590388_n

VIP

„Потполна дискреција со мрежите на ВИП.“

„Е сеа не знам шо е побрзо мрежата на Вип или на баба срцето.“

„Колку време трајт процедурата на префрлање на број од еден на друг оператор, поточно од ВИП на друг, макар на телефонијата шо ја имет во седми круг во пекол, пошо подобар сигнал сигурно ќе имат? Ова има да завршит одма, и боли ме к…ц за пенали и корнери.“

„RIP VIP“

„Не глумам недостапна, на ВИП сум!“

„Добар ден комшија, купив вино ама неам отварач… да не имате отварач за ВИП мрежа?“

„Благица на настапи има хулахопка со бољa мрежа од ВИП“

ВИП оператор се огласи преку Фејсбук

download (1)

Следни на потег се АЕК како ќе ги заштитат корисниците!