Без најава зголемени се сметките за вода. Нова давачка си воведе градот Скопје – надомест за одржување на јавното градско зеленило во висина од речиси 20% од износот за снабдување со вода и одведување урбани отпадни води.
Советот на градот ја изгласал одлуката на крајот на октомви, а веќе ноемвриските сметки се зголемени од 30 до над 500 денари – или на сума од 200 денари за потрошена вода – за одржување зеленило Градот ќе си наплаќа 40 денари. За сума од над 1,000 денари, одржувањето зеленило ќе чини околу 420 денари. Сумите се многу повисоки за фирмите кои плаќаат индустриска вода. Зошто Советот ја донел одлуката и зошто граѓаните не се известени за поскапувањето, градоначалникот Шилегов не одговори.
Од почетокот на годината, тарифите за утврдување на цената за вода ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Но, надоместоците, како што се прочистувањето отпадни води, собирање и одведување на урбани отпадни води и новиот за одржување зленило во градот си ги носи општината, или за главниот град – Општина Скопје.