Ако не се усвојат законските измени за субвенционирање плати, може да се случи дел од фирмите да не ја добијат ветената финасиска помош од државата, велат сметководителите. Затоа апелираат час поскоро да се донесе законот за да имаат време да ги подготват пресметките за плата, но и сите документи потребни за аплицирање.
Велат дека во нормални услови пресметките за плата се подготвуваат од 25-ти во месецот за да може да се исплати платата до 15-ти наредниот месец. А, сега се уште нема законско решение со прецизно дефинирани услови за аплицирање, па тоа може да претставува дополнителен товар за сметководителите и може да се случи да немаат време да ги подготват документите за сите фирми. Односно, може да се случи финансиската помош да не ја добијат сите фирми на кои им е потребна.