Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Владата е изгубено низ бирократските лавиринти, реагираат сметководители.
-Сметководителите кои се 10.000 во Македонија, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата.
Тие за вторник најавија протест пред Владата.