Како градоначалникот не сум запознаен дека во Љуботен се шверцувало тутун. Тука луѓето живеат од одгледување на тутун и бостан, па побарав од полицијата сето она што е запленето, а не станува збор за шверц да им биде вратено на луѓето, вели првиот човек на општина Бутел, Велимир Смилевски по полициската рација во вторникот која беше изведена од финасиската полиција
Според Смилевски, тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа на фамилиите.
Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите на системот. Со сигирност тврдам дека тутунот не е нелегален, рече градоначалникот Смилевски.
Жителите ни натаму се гневни. Тие велат дека ако имале друг начин за
заработка, немало да работат со тутун, а акцијата ја оценуваат како срам за државата.
Во селото Љуботен основна дејност на жителите е одгледување на тутун и бостан, не сум запознаен како градоначалник дека во селото се шверцувало тутун. Тука луѓето живеат од одгледување на тутун и бостан. Побарав од полицијата сето она што е запленето, а не станува збор за шверц да им биде вратено на луѓето, рече Смилевски.
Според него, претрес се правело во шест куќи. Неофицијално, запленети се и машини.
Од Управата за финансиска полиција велат дека станува збор за акција поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.
Во интерес на истрагата не можеме да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.