Во концертната сала „Крокус Сити“ во Москва попладнево дошло до пукање и според податоците од итната служба, околу 140 лица се повредени, а најмалку 40 загинале во нападот, додека околу 100 лица се заглавени во зграда која гори.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изрази сочувство до семејствата на жртвите од терористичкиот напад во концертната сала Крокус Сити Хол во северозападниот дел на Москва и најави дека сите оние кои стојат зад овој грозоморен чин ќе бидат елиминирани.
До семејствата на загинатите во терористичкиот напад – искрено сочувство. Терористите го разбираат само одмазднички терор. Никакви судови или истраги нема да помогнат, освен ако силата не биде пресретната со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористите и репресија на нивните семејства. Тоа е глобално искуство – рече Медведев.
– Доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, со нив и со нивните идеолошки инспиратори ќе се постапува поинаку. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно елиминирани како терористи, вклучително и функционерите на земјата која извршила такви злосторства. Смрт за смрт – заклучи Медведев.