Смртни закани до Лотито поради продажбата на Хернанес

Претседателот на италијанскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито го привлече виманието на фудбалската јавност со изјавата примил неколку смртни закани од најверните фанови на Лацио кои се лути поради продажбата на бразилскиот интернационалец Хернанес.

Одличниот играч за врска за време на зимскиот преоден рок за 18 мил. евра беше продаден на лутиот ривал од Серија А, тимот на Интер.

“Ми се закануваат. Примив околу 80 закани, имаше и смртни закани. Знам дека ми се закануваат најверните фанови на Лацио, тие кои се болни по клубот. Истите побараа под итно да си заминам од претседателската функција. Не можам да се движам слободно, се движам со приватно обезбедување. Знам дека фановите се составен дел од овој голем клуб, но ја поминаа границата, претераа со заканите. И за време на прес-конференцијата добив закана од уште еден фан на Лацио. Повторно ми кажа дека морам под итно да дадам оставка. Хаернаес побара да биде продаден, што можев да направам? Хернанес веќе потпиша договор со Интер, а ако останеше во Рим ќе беше несреќен. Ќе останеше до јуни, потоа ќе играше за својата репрезентација на Мундијалот во Бразил, ќе се вратеше во Рим и потоа за неколку месеци ќе имаше статус на слободен фудбалер. Јас нема да задржам нити еден фудбалер кој изразил желба за промена на клупската средина”, изјави Лотито.