Смртни закани од новинарка за новинарот Горан Момировски од Алфа ТВ

Доцна вечерва Македонската асоцијација на новинари (МАН) преку соопштение до медиумите информираше дека имало „желба за ликвидација од новинарката која наводно посакувала смрт за новинарот Горан Момироски“.

„Очигледно е дека организациите во чие основање и работење учествувал колегата Момироски, без неговиот ангажман даваат резултат кој во последните 7 години е целосно поразителен за новинарството како професија. Ја поздравуваме смирената и разумна реакција на почитуваниот колега Момироски, кој иако не е член на МАН, има отворена покана да се придружи на МАН и вистински заеднички да работиме за заштита на новинарите и медиумските реформи“, велат од МАН.

„МАН ќе продолжи со своите напори за законски реформи кои ќе овозможат поголема заштита на новинарите од секој вид на закани, бидејќи тоа е единствениот цивилизиран, етички, законски и Уставен начин на делување“, додаваат во соопштението.

Имено, новинарката на сајтот Независен, Слободанка Јовановска, напиша „Уште тебе да те снема” на сатиричен пост на новинарот на емисијата „Заспиј ако можеш“, Горан Момироски.

Момироски во постот на шеговит начин забележува дека денеска нема ниту еден од апологетите на власта да му се заканува на македонскиот народ ако нема уставни измени на што Јовановска јавно му посакува смрт, односно „да го снема“.

Посакување некого да снема без да се прецизира за што се работи, особено кога е искажано од новинарка која важи за една од најголемите поддржувачки на СДСМ е сериозен инцидент и закана.

Јовановска има блиски релации со врвни функционери во власта а нејзината порака да го снема Момироски може да поттикне нејзини читатели, следбеници или други поддржувачи на СДСМ да преземат насилни чекори против Момироски.

Момироски кој е соработник на expres.mk за заканите од Јовановска вели дека не се лути, ниту се плаши и нема да ја пријави Јовановска за закани во МВР.

На иницијатива на Македонскиот синдикат на новинари според новиот Кривичен законик МВР по службена должност мора да покрене прогон против секој кој упатува закани кон новинар.

Доколку пораката на Јовановска не е намера или закана за негова смрт тогаш таа врши друго кривично дело фрлање клетва што исто така најчесто не е одлика на луѓе со чиста деловна способност.

Момироски во контекст на инцидентите со Дуковска, Тричковски и Јовановска вели дека овие луѓе треба да се разберат и да се толерираат но и дека е крајно време ЗНМ да размисли да ангажира стручни лица од областа на психологијата и психијатријата да работат со сите новинари кои имаат потреба од тоа.

Стресот и социјалната положба на новинарите многу лошо врз нивната психолошка стабилност што е причина на сите кои имаат проблеми да им се понуди стручна помош, смета Момироски кој е еден од основачите на Македонскиот синдикат на новинари а во два мандати бил член на УО на Здружението на новинари на Македонија и ги знае проблемите на новинарите.