Смртоносни пукања во црква во Калифорнија и на пазар во Хјустон

Најмалку едно лице е убиени а четири се ранети во пукање во црква во Лагуна Вудс во американската сојузна држава Калифорнија.

„Едно лице е убиено, четири се тешко ранети а едно лице се здобило со полесни повреди во пукање во пукање во внатрешноста на презвитеријанска црква“, објави на Twitter канцеларијата на шерифот на округот Оринџ.

Во објавата се додава и дека е приведено едно лице и дека е пронајдено оружје коешто можеби било користено во нападот. Се додава и дека сите настрадани се возрасни лица.

Пукањето било пријавено околу 13,26 часот по локално време, соопштија локалните власти, меѓутоа не даваат никаква изјава за можниот мотив за пукањето во црквата.

Лагуна Вудс е град во Калифорнија со околу 16.000 жители, а оддалечен е 80 километри од Лос Анџелес.

Пукање со жртви е пријавено и на еден од пазарите во Хјустон. Во овој инцидент две лица загинале а три се ранети.

„Пукањето се случило по кавга во којашти учествувале пет лица“, соопшти канцеларијата на тамошниот шериф.

Двајца можни осомничени се задржани на самото место на злосторст вото, а третиот можен осомничен е префрлен во болница. Пронајдени се најмалку два пиштола, соопштија локалните власти.

Двата инцидента во САД со употреба на огнено оружје доаѓаат ден откако 18-годишен бел супрематист уби десет и рани три лица во супермаркетот „Tops“ во Бафачло, пред да се предаде на полицијата којашто злосторството го смета за расно мотивирано.

Полицијата смета дека тинејџерот, вооружен со јуришна пушка, панцир и кој го снимал нападот за кој пропатувал 320 километри од местото во коешто живеел, дејствувал сам.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) соопшти дека злосторството ќе го истражува како „злосторство од омраза“ и „расно мотивиран насилен екстримизам“. Имено, 11 од 13-те убиени или ранети се црнци, а сумермаркетот „Tops“ се наоѓа во мнозинска афроамериканска населба.