Никола Пелц проговори за гласините дека се скарала со Викторија Бекам, мајката на нејзиниот сопруг Бруклин, со кој се омажи на почетокот на оваа година.
Додека семејството Пелц-Бекам првично молчело за тие шпекулации, Никола сега откри за Variety дека мисли дека гласините потекнуваат од фактот дека таа не избрала венчаница со потпис на Викторија, туку венчаница на Валентино.
„Ќе ја облечев нејзината венчаница и многу сакав, но по неколку месеци таа рече дека нејзиното ателје не може да ја направи, па морав да изберам друг фустан“, изјавила Никола.
View this post on Instagram
“Морам да напоменам дека таа не ми кажа дека не треба да ја носам нејзината венчаница, ниту ѝ реков дека не сакам да ја носам. Тоа воопшто не е точно”, објаснила таа.
Самиот Бруклин ја коментираше наводната семејна расправија.
„Некои се обидуваат да го понижат моето семејство, но сѐ е во ред меѓу нас. Сите добро се сложуваме“, рече тој.
Да потсетиме дека Page Six претходно објави дека можната причина за кавгата меѓу дамите е тоа што Никола е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од свадбените подготовки што се одржаа во април оваа година на Палм Бич, Флорида.
View this post on Instagram
Венчавката се одржала на имотот на семејството Пелц, а за неа наводно биле потрошени 3,7 милиони долари.