Снег ја парализира Грција, многу домови останаа без струја  

Обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во сообраќајот низ Грција, оставајќи некои села без eлектрична енергија.

Патот што ја поврзува Атина со Ламија исто така е затворен, а на возачите им се советува да користат синџири, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.

Грчката Национална метеоролошка служба објави дека снег паѓа и во северна Грција и во пониските предели во источна Тесалија, централна Грција и североисточен Пелопонез.

Поради силните ветрови се затворени пристаништата Пиреа, Рафина и Лаврио, поради што бугарското Министерство за надворешни работи ги советува своите граѓани што планираат да патуваат за Грција да се информираат за времето, пренесува БТА.