
Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 сантиметри. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од минус три до два степена.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до нулата.
Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.