Снег на планинските превои Пресека, Ѓавато и Стража, забрана за тешки товарни возила

Утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци и превои.

Од 07.15 часот е забранает сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Кичево – Охрид преку истиот планинскиот премин.

Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинските превои Ѓавато и Стража.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година.