Снег на планинските превои, сообраќајот се одвива без забрани

Снег на Шапка и Стража
Снег на Шапка и Стража

Снег утринава врне на Попова Шапка, Стража, Пресека и Маврово. Сообраќајот се одвива тековно, но по наместа влажни коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

На граничните премини утринава од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.