Поради снежни врнежи од утрово воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Охрид – Ресен и на патот Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.
Ноќеска снег вееше и на планиските превои Паланка-ДевеБаир и Стража.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.